Нема пари за нови инфраструктурни проекти од кои прилепчани ќе имаат најголема придобивка, но затоа има пари за партиските активисти и послушници на СДСМ. Јовановски и СДСМ единствено што правот е уназадување на Прилеп.
Дали градоначалникот Јовановски преку партиските вработувањa сака да ги уцени граѓаните да гласаат за капитулантското дело кое го потпиша Зоран Заев и владата на СДСМ со јужниот сосед каде што се откажуваат од македонскиот идентитет?
Дали Јовановски е свесен дека преку незаконското работење и вработување на активисти само 1 месец пред референдумот станува директен соучесник во криминалното и незаконското работење на СДСМ и Заев? Пред извесно време прашавме колкав е бројот на нововработени во Општина Прилеп и врз каков критериум истите се бирани, но не добивме конкретен одговор. Главен приоритет при вработувањето имаат внуки, ќерки и пријатели на функционери и видни членови од редот на СДСМ. Очигледно животот дојде за нив, но не и за обичниот граѓанин.
Иако во предизборната кампања токму СДСМ и Јованоски најавија транспарентност, засега освен замајување на народот со навидум некакво работење, без ниту еден значаен реализиран проект, нема што друго да му понудат.
Најдобар пример како не треба да изгледа и да работи е токму градоначалникот на општина Прилеп Илија Јовановски. Затоа оваа ненародна власт мора што поскоро да си замине. За доброто на Македонија, за доброто на Прилеп кој некогаш важеше за еден од најубавите градови,.
Народот е мудар, народот секојдневно ги препознава лажните ветувања и штетите кои произлегуваат од договорот со Бугарија и Грција и благодарение на неговата мудрост, Македонија ќе победи!