Оваа локална власт е во хибернација и длабок сон! Мегаломанските проекти кои ги ветија пред граѓаните останаа само празно слово на хартија и ништо повеќе. Нивната неспособност, неработење и неажурност се целосно видливи, а секоја манипулација е прочитана од прилепчани. Ако за претседателот на Советот, Миле Талески, оваа бројка е паушална и невистинита, за тоа постои доказ, па граѓаните сами ќе оценат што е вистинито.
Единствено нешто паушално е вашето ветување за изградба на затворен базен во салата Македонија, ветувањето за изградба на нов театар, за 20% пониски сметки за вода за пиење, спортски центар на вештачкото езеро...и.т.н.
Прилепчани го паметат сето тоа и токму за тие ветувања ви ја дадоа довербата. Измина речиси една година од вашето владеење, а освен вработување на партиски послушници, роднини и пријатели, ништо не променивте.
Затоа, во првата наредна прилика, прилепчани ќе го казнат ова ваше расипништво и тромавост. Прилеп заслужува многу повеќе, а вие докажавте дека сте немоќни да му го понудите тоа.