twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Господа од СДС, во Европа не се оди без ниту еден реализиран свој проект

Понеделник, 24 Септември 2018 22:56

Почитувани,

Да не беа проектите започнати и реализирани во време на ВМРО-ДПМНЕ, СДС ќе немаше што да промовира пред граѓаните, бидејќи освен неработење и непотизам на широки врати, немаат што друго да понудат.

 

Новата градинка во ОУ „Рампо Левката” на чие отворање присуствуваше и Мила Царовска е проект започнат во наше време. Потсетуваме дека оваа градинка требаше да почне со работа уште во октомври минатата година, но од непознати причини, непотребно се одолговлекуваше веројатно за некакви ситни политички поени.

Центарот за деца со целебрална парализа ќе биде во веќе постоечки објект, па така фалбите на Мила Царовска дека за само една година ќе отворале ваков Центар, со цел да ги убеди граѓаните да гласаат за погубниот договор со Грција, паѓаат во вода.

Во Европа не се оди без ниту една инвестиција. Граѓаните од Општина Прилеп и околните места работат во фабриките на Гентерм, ВИК, Акомпласт, изградени во наше време благодарение на политиките на тогашната влада за привлекување странски инвестиции.1

Во Европа не се оди со безидејност, без ниту еден свој проект, затоа што за да се реализира еден проект е потребен капацитет и заложба, нешто што очигледно го нема оваа владеачка гарнитура, како на централно така и на локално ниво.. Пречистителната станица каде пред извесно време позираше премиерот Заев, градоначалникот Јованоски, претседателот на совет Миле Талески, е уште еден од низата значајни проекти за Прилеп, реализирани во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Европа не се оди со мизерни 11% реализација на капитални проекти. И наместо да ја замајуваат јавноста со промоција на готови проекти, обезбедени или реализирани од наше време, да ги засукаат ракавите и конечно да почнат да работат нешто свое кое го ветија во предизборната кампања. Како што има пари за некакви милионски тендери на најблиски соработници, новорегистрирани фирми, така мора да има средства и за нови проекти и инвестиции во нашиот град. Македонија се сака со напредок, со инвестициски бум, а не со некакви штетни договори со кои се брише името, идентитетот и историјата на државата. Затоа оваа власт мора што побрзо да си замине, за доброто на Македонија. Ве уверуваме дека накрај Македонија ќе победи!