twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Спасовски, Јованоски и Талески им должат одговор на прилепчани

Понеделник, 24 Септември 2018 23:02

Почитувани,

Во досегашното владеење на СДС видовме само непотизам, делење милионски тендери на нови фирми, фирми блиски до функционери на СДС, видовме непочитување на законите и процедурите, видовме се’ освен работа и реализација на значајни проекти.

 

Денес, го прашуваме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот Јованоски и претседателот на Совет на општина Прилеп Миле Талески, дали незаконски, односно без да ги исполнува потребните услови, за командир на ПС Прилеп е поставен Кире Спиркоски?

Неговата биографија вешто се крие од денот на неговиот избор кога советниците од ВМРО-ДПМНЕ побараа информација за тоа кое е неговото образование? На ова прашање одговорот беше високо! Го прашуваме министерот Оливер Спасовски дали е вистина дека Кире Спиркоски има завршено на еден приватен факултет во Струга, но со 180 кредити?

Во законот за внатрешни работи јасно е наведено дека командир на полициска станица треба да има 240 ЕКТС

Исто така во систематизацијата на ПС Прилеп јасно стои дека командирот на ПС Прилеп треба да има завршено факултет од областа на безбедноста, правен или економски со 240 кредити или VII/1 степен. Прашуваме, дали е вистина дека истиот во минатиов период е студент на еден приватен факултет во Битола, со цел да дозаврши за да стекне 240 кредити, како што е и потребно за законско назначување? Ги повикуваме Спасовски, градоначалникот Јованоски и претседателот на Совет Талески, да одговорат на горе поставените прашања затоа што прилепчани го заслужуваат тоа.

Почитувани, законите во Македонија мора да се почитуваат и да важат еднакво за сите!

Само така ќе имаме држава, која ќе оди напред. Оваа ненародна власт мора што поскоро да си замине, за доброто на сите, за доброто на Македонија!