twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Ништо од ветувањето на Јованоски за реконструкција на Старата чаршија во Прилеп

Вторник, 16 Октомври 2018 16:34

Почитувани,

Пред неколку дена, министерот за економија Бектеши ги потпиша договорите со општините Чаир, Центар, Битола и Охрид, за имплементација на проектот „Ревитализација на излозите на старата чаршија”.

За потсетување, ваков проект во своите предизборни ветувања имаше и градоначалниот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, кој предизборно соопшти дека ќе се реставрира старата прилепска чаршија. Но Прилеп, изостанува од листата на Општина со кои беше потпишан договор за реализација на овој проект, па така на виделина исплива уште едно празно ветување.

Прилеп не доби грант како останатите општини за средување на излозите и фасадите од дуќаните во старата чаршија, но затоа доби објекти кои никнаа преку ноќ, на диво, во срцето на градот, спротивно на законите. Очигледно министерот Сугарески не сака да му биде нарушен бизнис комодитетот. Прилеп не доби грант, па како резултат на тоа штета ќе трпат сите дуќанџии, изгледот на чаршијата и економскиот бенефит што би го имале дуќанџиите доколку успешно се реализираше овој проект.

Жално и срамота е што Општината и Завод и Музеј Прилеп, наместо да го штитат ова подрачја кое подлежи на законска заштита, дозволуваат никнување на диви противзаконски градби, со кои се задоволуваат апетитите за бенефит на политички моќници блиски со СДСМ.

Почитувани,

Досегашното владеење како на централо така и на локално ниво се покажа како владеење строго во интерес на неколкумина, додека обичниот граѓанин е оставен на милост и немилост да врзува крај со крај. Затоа ова погубно владеење на СДСМ мора што поскоро да заврши. За доброто на Македонија, за доброто на Прилеп и прилепчани!