twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Наместо неосновано да ја замајува јавноста, директорот Joваноски да почне да работи

Вторник, 13 Ноември 2018 23:13

Почитувани,

В.д директорот на Комуналец, Ѕвонко Јованоски, одржа прес конференција со која повторно ја замајува јавноста.

И наместо да се врати стариот сјај на Прилеп, кој некогаш важеше за најчист град во Македонија, Ѕвонко Јованоски се навраќа на едно минато време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, во недостиг на идеи и реализација на нови проекти. Обвинувањата за грешни или избрзани инвестиции во секундарната селекција, е контрадикторно со вашите излагања во јавност каде знаете да се пофалите со примарната селекција која 90 проценти беше реализирана до 2018 година.

Да ве потсетиме дека во наше време беше инвестирано во 19 илјади корпи за селекција во домаќинствата со вредност од околу 20.000.000,00 денари. И наместо да се фалите со комунална инфраструктура , кажете им на прилепчани дека до 2018 година беше инвестирано и во над 500 контејнери за отпад за селекција, инвестиција над 4.000.000,00 ден и во над 500 контејнери за мешан комунален отпад со вредност од 7.500.000,00 ден. Беше инвестирано и во три нови возила за селекција и 5 половни возила кои сеуште возат на релациите, инвестиција околу 12.000.000,00 ден,

Од останати инвестиции од наше време ги издвојуваме инвестициите во опрема за пресирање на селектиран отпад со вредност од 500.000.00 денари, асфалтирано плато во механичката работилница со вредност околу 1.000.000,00 ден, инвестиции во градежни машини и транспортни возила. Во вода паѓаат и обвинувањата за грешни инвестиции во секундарната селекција или машинско одвојување на отпад.

Точно е дека машината е купена во 2013 година која е исплатена во 2015-16та година. Велите дека недостигале делови, па истите делови кои ги барате не се ниту порачани зашто се електрика и требаше да се порачаат при пуштањето на машината во употреба, за која Вие не ни помислувате да ја пуштите, со алиби дека ви било скапо.

Правите пресметки колку ќе чинела халата и колку била скапа инвестиција. И наместо да се фалите колку тоа добро сте менаџирале, пофалете се со реализација на еден ваков значаен проект. Впрочем и градоначалнокот Илија Јованоски се сликаше пред изборите пред халата на депонија и ветуваше дека ќе вложи во модерно управување со отпадот.

Почитувани, наместо да критикувате неосновано, засукајте ракави и сработете нешто. Граѓаните на Општина Прилеп, тоа го чекаат од вас, наместо празни флоскули затоа што Прилеп заслужува да биде еден од најчистите и најубави градови во Македонија!