Последната таква непромислена одлука беше минатата недела кога министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, објави дека се укинува месечниот додаток за трето дете. Наместо досегашните 8.000 денари кои мајката ги добиваше секој месец во период од 10 години, со предвидените измени во Законот за заштита на децата, државата ќе исплаќа само еднократна парична помош во висина од 60.000 денари.
Така, приходот од 960.000 денари кој мајките што родиле трето дете го добиваа во период од 10 години, ќе се намали на само 60.000 денари, или истиот ќе биде намелен за цели 15.000 евра. И покрај жестоките реакции од јавноста, министерството на Царовска и владата на СДСМ не се поколебаа и не планираат да се откажат од оваа погубна одлука./
За Царовска, оваа одлука значела, цитирам:
“Унапредување во правото на користење на надоместок за прво, второ и трето дете”, па затоа ја прашуваме:
Како одлуката за намалување на додатокот за трето дете за цели 15.000 евра ќе ги мотивира родителите, особено младите, да имаат многудетни семејства?
Како со ваква одлука ќе се бориме против најголемата рак рана во европското општество, а тоа е белата чума?
Наместо да ги унапредувате политиките кои ви ги оставивме, вие уништувате се што е вредно и корисно! Вашиот игнорантски и деструктивен однос не носи ништо добро за државата. Вие сте причината што Македонија од ден во ден тоне и се соочува со се поголеми проблеми. Народот следи и вреднува, па затоа вашите денови на власт се избројани! ВМРО-ДПМНЕ останува единствената народна партија, партија која работеше и ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните!