twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

СДСМ со новиот закон удира по пазарџиите

Петок, 04 Јануари 2019 09:42

Почитувани,

После Нова година, сите пазарџии, сите земјоделци, нема да може да си ги продавате своите производи како досега на пазар. Да, добро слушнавте. СДСМ овојпат удира по сите вас, земјоделци, пензионери, социјалци, кои на чесен начин си го заработувате парчето леб.

 

Ова е предновогодишната честитка која власта ви ја упатува на вас, вредните и чесни луѓе кои со ништо не го заслуживте ова.

Имено, со новиот закон е наведено дека „трговец на зелените пазари не може да биде физичко лице кое остварува приходи по основ на работен однос, на самостојно вршење на дејност по друг закон, договор за дело, пензија, социјална помош и паричен надоместок за време на невработеност“.

Или со други зборови, на пазарот нема да може да продава лице кое е вработено и зема некоја минимална плата, па поради тоа решило да дозаработува некој денар плус преку земјоделие. Ниту пензионерите со ниска пензија, ниту лицата кои примаат социјална помош и паричен надомест за време на невработеност.

Изгледа е недозволиво е еден чесен граѓанин да ја прехранува својата фамилија продавајќи ги своите производи на пазарот. И наместо да се зафатат со здрави еконономски политики, корисни мерки за поттикнување на земјоделието, тие директно удираат по маката на граѓаните.

Најпрвин 2 килограми јаболка вредеа 2 денари, за сега да имаме најава на закон кој ќе почни да се применува после нова година, а ќе направи енормна штета за сите засегнати.

Има луѓе кои земаат минимална пензија, минимална социјална помош и паричен надоместок, на кои им се скратува правото да го зголемат со мака и пот, својот семеен буџет. Поттикнување на невработеност на еден ваков заткулисен начин, кој ги принудува лицата да се регистрираат како трговци на пазарите, не е ништо друго, туку уште една потврда за оваа неспособна влада.

Срамен е овој закон кој удира по џебот на најсиромашните. Противуставен е, скандалозен и дискриминаторски, затоа што директно се одразува по пензионерите, хонорарците, социјалците, стечајците. Овие луѓе не се криминалци! Овие луѓе се чесни граѓани на Република Македонија.

Затоа оваа влада мора што поскоро да си замине. Само така, народот ќе биде спасен од погубните политики кои станаа секојдневие.