twitter

facebook

youtube

Изјава на советникот од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски

Изјава на советникот од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски

Вести

Изјава на советникот од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски

More...
СДСМ со новиот закон удира по пазарџиите

СДСМ со новиот закон удира по пазарџиите

Вести

Почитувани, После Нова година, сите пазарџии, сите земјоделци, нема да може да си ги продавате своите производи како досега на…

More...
Зад нас е година на црнила, сиромаштија и економска криза

Зад нас е година на црнила, сиромаштија и економска криза

Вести

Почитувани сограѓани, Зад нас е година која ни донесе многу црнила, сиромаштија и економска криза. Во оваа година видовме зголемување…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Ќе преземат ли МВР и прилепското ОЈО нешто по објавата дека се зема мито за вработување?

Понеделник, 18 Февруари 2019 09:34

Прилеп стана град на криминалот, корупцијата и непотизмот! Град синоним за насилства, убиства, разбојништва, палење коли, тепачки. Ќе беше се поинаку и сфатено како политичка пресметка доколку ваквите констатации не стасуваа од членови и активисти на СДСМ.

 

„Веќе 14 месеци во Прилеп сведочиме за криминал до криминал, афера до афера, за кои немаме сознание дека се поведени постапки пред надлежните органи. За жал како да сето ова останува незабележано од прилепското јавно обвинителство и од МВР.

Секоја професионална институција досега би постапила по службена должност и би се заинтересирала за расчистување на фактичката состојба поврзана со тврдењето на вработена во Општина Прилеп, која на својот Фејсбук профил имаше објава дека и кажале како за втор случај било земано мито во Прилеп и Општина Кривогаштани за вработување.

Истата вработена, позната по нејзиниот професионален интегритет, долгогодишното искуство во новинарското истражување побара од МВР да го расчисти случајот. Прашуваме дали МВР досега презеде нешто околу ова? Дали постојат осомничени лица, дали можеби е извршен и распит на истите?

Бараме под итно градоначалникот на Прилеп да даде изјава околу оваа констатација и да ги посочи можните сторители. Нека се изјасни за овој скандал од невидени размери затоа што прилепчани заслужуваат одговор на ова прашање.

Исто така ги повикуваме сите новинари, а сега вработени во Општина Прилеп, кои се истакнати борци за човекови права и слобода, да се зафатат со истражување за овие невидени афери и скандали и пред очите на јавноста да ги посочат сторителите.

Почитувани, Прилеп полека се претвори во град на криминалот, кој е одраз на неспособноста на локалната и централната власт. Сигурноста е на најниско можно ниво. Граѓаните стравуваат за своите животи! Се вработуваат преку ноќ блиски роднини, пријатели на истакнати функционери од СДСМ на високи позиции. Прашуваме колку чини едно работно место?

Затоа оваа власт мора што поскоро да заврши и ќе заврши. После оваа црнила која се надвисна над Македонија, ќе ја вратиме светлината во секој дом. Затоа што граѓаните го заслужуваат тоа“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.