twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Раководството на Тутунскиот комбинат на криминален начин троши милионски суми?!

Понеделник, 18 Февруари 2019 09:49

Почитувани,

На расипничкото владеење од СДС му нема крај. Се што фатија, се упропастија. Погубните политики како на централно, така и локално ниво, даваат катастрофални резултати, кои удираат по џебот на обичниот народ, додека некои се богатат преку ноќ на нивната мака.

 

Имено, пред извесно време на еден интернет портал, беа објавени документи во кои се гледа бруто биланост по партнери од страна на Тутунскиот комбинат Прилеп. Па така според објавените документи од овој интернет портал, на првата страна се гледа како Тутунски комбинат Прилеп на ДМ КОЛОР МИКС ДООЕЛ Прилеп, му исплатил наводно над 1 милион и 400.000 денари, пришто во десниот агол од документот е испишано дека оваа сума била потрошена за боја, кнауф и поликолор.

Во наредниот документ, е наведена сума од 54.000 денари кои комбинатот му ги исплаќа на ресторан Чифлик, сума потрошена за угостителски услуги, што укажува за недомаќинско работење и непотребно трошење на парите. Во следниот документ овој портал објавува дека Тутунски комбинат на Порше Македонија ДООЕЛ за сервис на ауди 8, без тендер, му исплаќа сума од 422.734,00 денари.

Во следниот документ, комбинатот за обезбедување на парнерот Бригада му исплаќа огромна сума од над 800.000 денари, при што во документот од овој сајт е наведено дека оваа сума е исплатена за 22 лица, и покрај фактот што биле пријавени 18 лица, па така разликата од 4 лица отвора сомнеж за можен криминал и злоупотреба.

Во друг документ, наведено е дека на Уни Атлас, за набавка на компресори му се исплатени речиси 70.000 евра, при што напишано е дека се прикажани 30.000 евра, за да нема тендер и да се изврши набавката без тендер. На последниот документ објавен на сајтот, е наведено дека за кров без објавен тенедер, од Комбинатот на Градба Јасен Прилеп му се исплатени над 3 милиони и 900.000 денари.

Прашуваме, дали се вистинити наводи изнесени во документите објавени на овој интернет портал? Ова ли е домаќинското работење кое владата предводена од СДСМ го ветуваше пред граѓаните?

На ваков ли начин се води грижа за успешно и функционално работење на комбинатот, кој пропаѓа со секој изминат ден? Бараме од одговорните лица во комбинатот да се произнесат околу овие документи кои пред извесно време осамнаа на интернет просторот.

Исто така, сакаме да ја известиме јавноста дека поседуваме видео материјал кој алудира на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на најтесното раководство на комбинатот. Го повикуваме ОЈО, во рамките на своите законски надлежности, по допрен глас да ги провери изнесените наводи во документите објавени на интернет поратлот, се со цел да испита можен криминал, можна злоупотреба, која се одразува на штета на комбинатот, а во корист на поединци поврзани со раководството на истиот.

Воедно му стоиме на располагање доколку се охрабри да покрене постапка, да го доставиме и видео материјалот. Одговорност за ваквото расипничко работење мора да има и ќе има. Само така Македонија ќе продолжи да оди напред!