twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Фабрика за масло од марихуана и плантажи ќе никнат во Прилеп?

Понеделник, 01 Април 2019 16:05

Почитувани,

Граѓаните на Прилеп во изминатиот период информираат дека тука, во овој објект позади мене, се подготвува фабрика за производство на масло од марихуана за медицински цели и дека заинтересирани граѓани веќе се пријавуваат за вработување.

 

Со оглед на тоа дека оваа информација е секојдневна тема во целиот град, прашуваме што точно се подготвува во објектот од неколку илјади метри квадрати и дали тука ќе се инсталира технологија за ладна екстракција на масло од цветови од растението канабис сатива?

Прилепчани особено ги интересира дали во околината на овој објект ќе никнат и плантажи со марихуана и дали и какви последици може да предизвика тоа врз здравјето на луѓето?

Минатата година премиерот Зоран Заев, пред пратениците во Собранието призна дека токму неговиот прв братучед Трајче Заев е лиценциран производител на масло од канабис.

Граѓаните ги интересира дали империјата на Заеви сега ќе се прошири и во Прилеп, и доколку е така, колкав би бил нивниот прилив?

Дали локалната власт и градоначалникот Илија Јованоски се запознаени и дали чувствуваат обврска да им објаснат на граѓаните за каква и чија инвестиција станува збор?

Се поставува и прашањето како производството на масло од канабис може да влијае врз здравјето на луѓето кои работат во вакви фирми и дали е точно дека тие луѓе може да имаат последици врз репродуктивниот систем?

Почитувани,

Производството на масло од канабис е дозволено со законските прописи во државата, но со оглед на тоа дека се работи за сериозна тема и бизнис кој достигнува до 100 милиони евра, граѓаните и тоа како заслужуваат одговори на овие прашања.