twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Лагите на градоначалникот излегуваат на виделина - Прилеп сеуште нема нов театар

Понеделник, 01 Април 2019 16:12

Почитувани

Денес е Светскиот ден на театарот. Лагите од предизборните ветувања на градоначалникот Јованоски, излегуваат секојден на виделина.

 

Потсетуваме како истиот во предизборната кампања, директно пред градскиот театар, вети дека наместо руинираната зграда, ќе се заложи за изградба на нов објект. Денес, нема ништо од тоа ветување!

И наместо почнување со реализација на ветеното, прилепчани сведочат како тоа локалната самоуправа наместо реализација на проектите, преку соопштенија ги известува за некакви дополнителни анализи, консултации со експерти, смена на планови, обезбедување средства, или едноставно кажано, ја користи веќе видената ЌЕ реторика, за да ја прикрие својата неспособност.

И немало да има сега нова зграда како што ветија, туку ќе се градел театар во постојната зграда на Домот на културата „Марко Цепенков“, во таканаречениот блок Д.

Почитувани, како што тргнала работата прилепчани ќе почекаат за нов театар. Министерството за култура по промената на власта, покажа дека има некои чудни приоритети, како со срамната програма, така и со и програмата за инвестиции. Нема реализација на ветеното, нема градежни активности, туку има некое мачкање очи со подготовка на проектни програми, идејни решенија и слично.

Да го потсетиме градоначалникот во случај да заборавил дека му помина скоро година и пол од мандатот, со што му остануваат нешто повеќе од две години. И наместо локалната самоуправа да ја замајува јавноста дека се сменил планот, како тоа дека ќе никнеле нови три базени во Точила, или дека ќе се изгради театар во „Марко Цепенков“, да почнат да го реализираат ветеното за кое ги гласаа прилепчани.

Воедно по повод овој ден, сакаме да упатиме честитка до прилепските актери и сите културни работници кои творат во ова поле. Нивната посветеност, многубројни награди и прикажани претстави, прават да се чувствуваме горди на нив.