twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

12.000 прилепски пензионери со намалени пензии и 60% повисоки сметки за вода

Вторник, 16 Април 2019 21:46

Почитувана јавност и почитувани медиуми,

Откако СДСМ е на власт имаме се потешко секојдневие, неправди на секој чекор и огромна неспособност на власта да донесе подобар стандард за граѓаните на Република Македонија.

 

Над 12.000 пензионери од Прилеп се под голем удар од политиките на актуелната локална и централна власт предводени од СДСМ. Зголемувањето на сметките за вода за околу 60% и намалениот раст на пензиите се дел од новиот живот кој СДСМ го донесе за овие луѓе.

Голем број од прилепските пензионери мака мачат да го истуркаат месецот и да ги покријат трошоците неопходни за нормален живот, а сега дополнително се влошува нивната живеачка. Преку најновите измени на Законот за пензии, власта директно удири по една од најголемите категории граѓани во државата. Ако досега усогласувањето на пензиите се вршеше кога постои раст на трошоците за живот и раст на платите во државата, сега пензиите ќе растат само кога ќе има раст на трошоците за живот.

Имајќи го во предвид движењето на платите во минатото полугодие, пензионерите со ова законско решение ќе бидат скратени за околу 500 денари месечно. Вака формулираното законско решение кое од неодамна се применува, значи и губење на принципот на еднаквост и правичност кон оваа категорија на граѓани.

Гледано во бројки, од вкупно 320 илјади пензионери во целата држава, дури 170 илјади кои земаат пензии под просечната, а која изнесува 14.421 денар, и во услови на најмало зголемување, ќе добиваат помалку од пензионерите со поголемии месечни примања.

Тоа е спротивно на Законот кој важеше во минатото кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и кога пензиите подеднакво се зголемуваа за сите категории на пензионери.

Почитувани,

Оваа власт има пари за црни тендери, има пари за луксузирање, за нови лимузини, за скапи патувања, за двојазични табли, а нема пари за оние кои им е најпотребно. Претседателските избори на 21-ви април се вистинска шанса за прв удар на оваа расипничката и обезнародена власт на СДСМ.

Граѓаните се свесни и ќе дојдат по своето!

Ви благодарам!