twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Во пресрет на изборите расте нервозата кај власта - демолирани возила и криминал насекаде

Вторник, 16 Април 2019 22:00

Почитувани сограѓани и почитувани медиуми,

Колку и да манипулираат од СДСМ дека во Прилеп цвета животот и дека се’ е така розово, состојбата во градот е многу поразлична. Откако тие ја презедоа власта и на централно и на локално ниво, Прилеп се претвори во најнебезбеден град во државата. Секојдневно сме сведоци на филмски грабежи, демолирани возила, тепачки и разни други инциденти и криминални појави.

Не е ВМРО-ДПМНЕ партија која внесува несигурност и страв кај граѓаните, туку самите прилепчани се сведоци за тоа дека нивниот град наликува на средина од вестерн филмовите. Граѓаните се плашат за својата безбедност и чувствуваат страв да се движат низ градот. Грабежи се случуваат и среде бел ден, а пример за тоа беа вооружениот грабеж на златара во Старата прилепска чаршија и филмскиот грабеж на дуќан во новата катна гаража. Статистиките кои вчера на прес конференција ги пласираа од СДСМ се само бројки кои немаат допирна точка со реалноста.

Она што загрижува е нервозата на власта во пресрет на претседателските избори, па зачестуваат и предизборните инциденти насочени кон поранешни и сегашни функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Минатиот месец во центарот на градот, демолиран беше автомобилот на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, а пред два дена и автомобилот на советникот Гоце Стефаноски.

Почитувани,

Вакво сеење на страв и омраза кон политички неистомисленици е карактеристично за најголемите диктаторски режими во историјата. Овие методи на практикување на власта се црно минато на светскиот поредок, а во Прилеп за жал се сегашност и секојдневие. На ваков начин не се гради едно општество за сите и не се следат модерните европски и демократски вредности, кон кои се стремиме како држава.

Од власта се свесни дека ја загубија поддршката од граѓаните и дека доаѓа казната за сите предавства на сопствениот народ и држава, како и за невидениот досега непотизам и лажни ветувања. Првиот силен удар за оваа одродена и аздисана власт следува на претседателските избори закажани за 21 април, а веднаш потоа и на 5 мај.

Правдата и правото мора да дојдат во Македонија, а хунтата на власт да се смести на црната страна од политичката историја.