twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Прилеп застана против транзиционите политичари, криминалот и непотизмот

Понеделник, 22 Април 2019 00:00

Почитувани,

Македонија се буди! Македонија е жива!

 

Вчера сите заедно покажавме дека доаѓа падот на оваа ненародна, неспособна, криминална власт, кој во само 2 години успеа да ја опустоши и да ја клекне државата на колена!

Благодарност до Прилеп и прилепчани, кои храбро, достоинствено и гордо, го дадоа својот глас за професорката Гордана Сиљановска Давкова и ја донесоа победата во нашиот град.

Народот вчера докажа дека не и се плаши повеќе на оваа хунта и докажа дека преку сеење страв со уцени и закани, не се одржува власт на долг рок. Народот му кажа едно огромно НЕ на Зоран Заев и неговиот кандидат Стево Пендаровски. Народот кажа не за новото име на Република Македонија, не за смена на идентитетот, не за новата историја, народот кажа не за двојазичен Прилеп и Македонија.

Се случува една нова реалност. Полека но сигурно се расчистува со сите истрошени политичари од време на транзицијата. Вчера беа поразени криминалот, антидржавните политики и непотизмот, трите работи во кои СДС и коалицијата се покажаа како најдобри. Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата, заедно победија над 30-тина партии кои одлучија да му слугуваат на Зоран Заев.

Почитувани,

За да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат, потребно е обединување како никогаш претходно во вториот круг. Македонија заслужува претседател кој ќе биде почитувач на уставот, законите, кој ќе донесе правда во нашата држава. Затоа сите заедно, сплотени, храбро, без страв како вчера, уште помасновно одлучуваме на 5-ти мај, одлучуваме за правда во Македонија! Професорката Гордана Сиљановска Давкова ќе биде идниот претседател, бидете сигурни во тоа!