twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Функционерите на СДСМ во Прилеп се "тепаат" кој повеќе да зграби од Старата чаршија

Среда, 14 Август 2019 20:36

Почитувани сограѓани,почитувани дуќанџии од старата прилепска чаршија,почитувани пензионери. Стравот веќе помина,хунтата е на колена,народот се буди.

 

Поминаа 18 месеци од ветувањата на најнеспособниот градоначалник во Македонија Илија Јованоски, дека ќе се реконструира старата прилепска чаршија, нашата гордост. И сами видовте дека само за Прилеп, Министерството за култура не оддели средства бидејќи за нив поважна беше двојазичноста и преименувањето на нашата државата.

Но, затоа во овие две години старата прилапска чаршија се претвори во место каде прилепските функционери на СДСМ се натпреваруваат кој поголем објект ќе изгради и кој повеќе место ќе узурпира. Хаос на секој чекор. Се копа бекатонот, се спроведува струја и вода, се градат прво платформи, па над нив тврди објекти.., а градоначалникот молчи.

Дали и тој е дел од овој бизнис?

Дали негови вработени и другари ќарат од овој срам за градот.

Да прашаме, дали меѓу објектот на Сугарески и објектот на Туманоски може да помине противпожарно возило? Дали помеѓу овие струпови може да помине амбулантно возило?

Господине Јованоски,заради оваа алчност на вашите функционери метлата и те како ќе ве помине и во Прилеп на 5ти мај. Поразот и вашиот крај започна на 21ви април,а ќе заврши на 5ти мај.