twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Една недела Јованоски се крие од јавноста и не кажува кој и што гради во градскиот пазар

Среда, 13 Ноември 2019 00:00

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми,

Веќе една недела молк од градоначалникот Илија Јованоски на нашите прашања за тоа што се гради во градскиот пазар во Прилеп.

Во нивни стил, како што и доликува на ваков башибозук на власт се закануваат со пријави за навреда на угледот и честа, кои патем ги изгубија многу одамна пред јавноста. Една недела Јованоски молчи за прашањата кој и што гради во градскиот пазар и дали пред очите на сите граѓани тука ќе никне хотелско сместување? Јованоски не кажува дали изградба на ваков објект е предвидена со урбанистичките планови на општината?

Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба? Како е возможно инспекциските служби на општината експресно да реагираат и да отстрануваат скелиња за тутун и други објекти од јавните површини, а за градбата во градскиот пазар сеуште да нема детално објаснување што и како се гради?

Почитуван градоначалник,

Ве прашуваме, што е срамно да се излезе јавно пред граѓаните и да се даде одговор на овие прашања?

Целата јавност е сведок и се прашува што се случува во градот, само вие никако да соберете храброст и доблест и да се соочите со граѓаните. Ајде барем еднаш во овие две години додека сте на власт испочитувајте ги оние кои пред избори ги молите за гласови и им ветувате се’ и сешто. Во спротивно оставате сомнеж дека зад ваквите објекти се кријат низа нерегуларности и можност за кршење на законите и законските процедури. ВМРО-ДПМНЕ овие прашања ќе ги актуелизира и пред Инспекцискиот совет на Република Македонија, како и пред сите останати надлежни институции.

На ваков начин како вас не се гради транспарентна и отворена општина како што ветувавте. На ваков начин и со ваков однос се погазува волјата на граѓаните и се злоупотребува власта. Уште еднаш ве предупредуваме, внимавајте! Внимавајте затоа што доаѓа власт која нема да простува и сите вакви случаи ќе бидат детално разгледани, а одговорноста и правдата ќе го стигне секој оној кој се огрешил пред законот.?