twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Наместо ветениот парк, зграда од роднини на градоначалникот

Понеделник, 02 Декември 2019 00:00

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми,

На половина од мандатот на градоначалникот Илија Јованоски целосно се разобличува ветениот лажен живот за сите во Прилеп.

 

На местото на оној објект таму, градоначалникот Јованоски во неговата предизборна програма ветуваше дека ќе се гради зелена површина, а сега тука негови роднини градат стамбена зграда.

И самиот Јованоски јавно на прес конференција призна дека негови роднини градат тука на оваа локација, па останува нејасно каква зелена површина планирал да никне градоначалникот на ова место, освен доколку не се работи за зелена зграда.

Ова е типичен пример за тоа како Јованоски и СДСМ манипулираа со гласовите на граѓаните и бесрамно лажеа, само и само за да дојдат на власт.

Сега кога видоа дека се прочитани, одново лажат дека она што го ветувале за 4 години, ќе го изградат за само 2 години. Па и целата механизација од целата држава да се донесе во Прилеп ќе биде малку за да го изградите сето она што го напишавте во вашата лажна предизборна програма. Кога веќе сме тука, ќе потсетиме и на останатите проекти за урбаната заедница Рид кои Јованоски ги ветуваше, а денеска не се ниту на повидок да се реализираат.

За граѓаните од оваа месна заедница, градоначалникот ветуваше:

  • -Pеновирање на месниот дом Рид и негово ставање во владение на граѓаните од оваа урбана населба;
  • -Зелено пазарче во паркот кај театарот;
  • -Повеќе паркови површини

, како и

  • -Отворање на детска градинка во просториите на стар Ритекс

Ова беа проектите за кои граѓаните од оваа урбана населба му дадоа доверба на Јованоски и гласаа за него за прв човек на општината, а не згради и приватни објекти. За жал, како и во останатите урбани заедници, и овде Јованоски и СДСМ ја погазија довербата на граѓаните и сега се соочуваат со огромен револт. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го разобличува лажното владеење на овие фотелја политичари, но и ќе нудиме реални решенија за проблемите на граѓаните.

Ви благодарам!