twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Јованоски и Талески се неспособниот тандем кој владее со Прилеп

Среда, 04 Декември 2019 00:00

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми,

Човекот кој најмногу ветуваше за спортот во Прилеп а сега градоначалник Илија Јованоски и човекот кој го кудеше спортот во минатото а сега претседател на Совет, Миле Талески, се тандемот кој го води и владее со Прилеп изминатите две години.

 

Од нивното управување со една од најголемите општини во Република Македонија останаа само нереализираните ветувања и мегаломанските лаги. Денеска сме тука пред поранешната Соколана, спортската сала „Партизан“, за која Јованоски во својата програма ветуваше целосно реновирање со цел унапредување на спортот во Прилеп. Сепак, како и сите други ветувања, Јованоски и СДСМ лажеа и за овој спортски објект.

Сите се сеќаваме кога градоначалникот во предизборието се фотографираше и држеше реферати токму тука, а околу него наредени беа спортисти и спортски работници кои требаше да бидат тимот за ветениот препород на спортот во Прилеп.

Очигледно дека развојот на спортот бил само изговор, а единствено важни биле вработувањата, високите хонорари, донации и други приходи кои како бенефиции ги уживаат од власта. Токму пред овој објект Јованоски бесрамно лажеше дека ќе го врати епитетот најспортски град за Прилеп. Ветуваше, односно лажеше, дека ќе го обнови планинарскиот дом Дервен, дека ќе изграделе спортско-рекреативен центар на вештачкото езеро, ќе изграделе спортска сала во ООУ “Кире Гаврилоски” и ја кажа најголемата лага за изградба на затворен базен со здравствено-спортско рекреативен центар во салата “Македонија”.

Toкму од тука, Јованоски излага и дека ќе воведеле поголем буџет од општината за спортот, како и стимулации за фирмите кои инвестираат во спортските клубови. Вети, односно излага, дека ќе ја вратат во употреба Универзалната сала, дека ќе ги покриваат трошоците на клубовите за употреба на спортските објекти, стипендии за успешни спортисти .... и еден куп други празни зборови од кои денеска има само едно големо ништо!

За жал денеска спортот во Прилеп тоне, а спортските великани ФК Победа и РК Прилеп се второлигаши.

Почитувани сограѓани,

Овие луѓе се прочитани, сега одново ќе ви ветуваат и ќе ве убедуваат, но освен лаги немаат што да понудат. Времето на лажни политичари, манипулатори и луѓе само за кариера е завршено. Доаѓа Обнова на Македонија и ставање крај на оваа башибозук власт на СДСМ.

Ви благодарам!