Ова што денеска ќе го презентираме пред јавноста е доказ за ароганцијата и недопирливоста на власта на СДСМ за која зборуваме веќе долг временски период. Крсте Дуковски кој беше вработен како личен шофер на градоначалникот Илија Јованоски, сега е поставен на работно место Помлад референт за персонална евиденција во одделението за управување со човечки ресурси на Општина Прилеп.
Викторија Јовчески, која беше вработена во Министерството за транспорт и врски, сега е вработена на работното место помошник раководител на сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина. Зоран Милошески кој беше вработен во Пи-Ар тимот на општината, сега ќе работи како самостоен референт за заштита и спасување во одделението за јавни дејности.
Почитувани,
Ова е лицемерието на СДСМ и нивните кадри на власт. Пред да седнат во кожените фотељи зборуваа за намалување на администрацијата, а сега едни исти лица ги вработуваат по два пати. Толку и од нивниот чесен пристап пред сопственото членство и пред младите во Прилеп.
Затоа младите масовно се иселуваат, затоа нема нови инвестиции во Прилеп, а за сметка на тоа цвета непотизмот и корупцијата. Ова е срамот на Македонија, кој за среќа на 12-ти април идната година заминува и никогаш повеќе нема да се повтори.