Еден од најгласно ветуваните проекти беше изградбата на новиот театар во Прилеп. Како што можеме да забележиме, и денес, вредните и талентирани театарски работници мораат да ги извршуваат своите активности во руинираните простории на оваа зграда, која пред точно 70 години беше пранаменета од кино сала во она што денес го знаеме како Театар Војдан Чернодрински.Така овој значаен јубилеј театарските работници од Прилеп не ќе можат да го прослават во толку ветуваните простории на новиот прилепски театар.
За жал, и педесет и петтото издание на реномираниот Театарски фестивал Војдан Чернодрински оваа година не ќе може да се одржи во новото театарско здание, за кое впрочем и после толку време, не се првземени никакви активности. Можеме да заклучиме дека и овој толку ветуван проект, во моментов е само уште еден од многуте ветени „ЌЕ“ проекти на сегашната власт на СДСМ.
И не само театарската, туку и останатите културни сфери од областа на сликарската и музичката уметност, како и литературната дејност, се оставени на маргините, исто како што Прилеп беше потполно заборавен во минатогодишната Програма за култура на централно ниво донесена од Министерството за култура. Не толку одамна бевме сведоци на тоа дека во последен момент Библиотеката "Борка Талески" се откажа од организацијата на традиционалната поетска манифестација „ Поетско Маркукуле“, од засега непознати причини. Само со пожртвуваноста на неколкумина ентузијасти од областа на културата беше задржан континуитетот на оваа препознатлива манифестација која веќе тринаесет години се одржува во нашиот град.
Од останатите ветени проекти од областа на културата, за жал не се забележани никакви активности, ниту за комплетната реставрација на Старата турска бања во Градски музеј со галерија, ниту за реставрацијата на Старата прилепска чаршија, ниту пак за изградба на музејот „Градска (прилепска) куќа“.
За жал, сведоци сме дека од многуте ветени проекти од СДСМ во предизборието не е реализирано ништо значајно.Но затоа стопроцентно се реализирани проекти кои не беа дел од предизборните ветувања, како што се: Промената на уставното име на државата, Воведувањето на двојазичност, Промена на историјата и доведување во опасност на идентитетот на македонскиот народ и на целото културно и историско наследство.
За среќа, ОБНОВАТА НА МАКЕДОНИЈА наскоро доаѓа, а ВМРО ДПМНЕ верува дека за многу скоро ќе падне оваа ненародна власт и заедно со народот ќе направи се’ што е можно за исправање на штетите кои на нашата татковина Република Македонија и’ ги донесе владеењето на СДСМ.