twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Се уништува и ограбува ново училиште во Прилеп

Петок, 08 Мај 2020 00:00

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани

Вчера информиравме како еден од нововработените кадри на СДСМ го уништил службеното возило на Центарот за социјална работа, притоа управувајќи без возачка дозвола, а денеска презентираме уште еден случај на негрижа кон општествениот имот.

 

Oва позади мене е подрачното училиште кое требаше да го олесни секојдневието на родителите и децата од населбите Сточен пазар и Жабино маало. Училиштето кое требаше да го носи името на заштитникот на градот Св. Никола, поради неспособноста на локалната власт на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, не го дочека своето отварање, па денеска истото се уништува и е предмет на кражби.

Се работи за инвестиција во вредност од 10 милиони денари на претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а тука требаше да учат околу 170 деца до петто одделение. Градоначалникот Јованоски веќе трета година ја предводи општина Прилеп, но заборави дека и во својата предизборна програма вети ново училиште во оваа населба. Денеска одново го потсетуваме дека тука веќе е изградена нова училишна зграда и дека само поради неговата негрижа и неспособност од оваа зграда позади мене ќе останат само ѕидови.

Одговорноста за тоа ќе биде само негова, а децата од овие населби само поради Илија Јованоски и понатаму настава ќе посетуваат далеку од своите домови. Жално за сите е кога ќе се види една ваква слика. Наместо тука во изминатите 3 години да се слушаше детскиот џагор, да се отвореа нови работни места за наставници, тврдоглавоста и суетноста на Јованоски и СДСМ беа пресудни, па овој вмровски во наводници проект е оставен секојдневно да се уништува.

Почитувани вообразени од власта!

Заборавете на политиканството и изговорите, фатете се за работа и спасете го ова училиште додека сеуште има време! Во спротивно за ова уништување на општествениот имот ќе бараме одговорност. Ви останува уште кратко време од соочувањето со народнот, а тогаш ќе го видите одговорот за вашето неработење и пустошење на градот.

Ви благодарам!