twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Среда, 13 Мај 2020 00:00

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани

Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден град.

Или, ако сакаме да го развиваме правилно еден град, тогаш најважно е развивање на неговата инфраструктура врз основа на важечки урбанистички планови. Мостот кој требаше да биде започнат да се гради пред една година, а пред 2 дена го најави градоначалникот Јованоски предизвика бројни реакции. Имено, во својата изборна програма градоначалникот Јованоски и СДСМ ветија дека ќе градат обиколница во западниот дел од градот. И ако сега градоначалникот алудира дека со изградбата на мостот во Сточен пазар, во зачеток е изградба на обиколница, мора да кажеме дека и самиот тој е во голема заблуда.

Но, еве него не му земаме за зло затоа што е лекар, но недозволиво е неговите советници да го манипулираат. Дека СДСМ се мајстори за спинување не постои човек на кого не му е јасно, па се поставува прашањето дали ќе ја спинуваат и лагата оти овој сега веќе многу популарен мост е дел од обиколницата? (повторувам, ветување кое е дел од изборната програма на Јованоски и СДСМ). Мостот во Сточен пазар е само составен дел од собирна сообраќајница на ул.,,Трајко Николоски“ која ги поврзува локалните улици од населбите кои ја тангираат оваа улица.

Апсолутно не сме против изградба на мост, но со ова решение кое го промовираше Јованоски се решава мостот, а се отвораат сообраќајни проблеми. Ова стеснување - проширување - стеснување (од тесна улица ќе се влегува во мост со 4 ленти, па на другиот крај повторно се излегува на тесна улица), може да биде причина за сообраќајни проблеми. Па велосипедските патеки кои кажа дека ќе ги има на мостот...што значи тоа? Луѓето по тесната улица на рамо да носат велосипед, па 20-тина метри на мостот да возат, па повторно велосипедот на рамо, во исто време кога по улицата ќе врват тешки товарни возила? Дали со изградбата на овој мост, главна улица за движење на тешки товарни возила станува улицата „Трајко Николоски“ , а со тоа овие тешки товарни возила ќе поминуваат низ населбите кои ја тангираат оваа улица? Граѓаните на Прилеп, а особено жителите на овие населби ја заслужуваат вистината!

Ова не наведува да мислиме дека единствената и главна цел со изградбата на овој мост е само перење на пари! Оваа констатација е поткрепена и со двата договори кои со изведувачот ги има потпишано општина Прилеп, т.е. градоначалникот. Ако внимателно го слушнавте Јованоски пред 2 дена, тој вели дека изградбата ќе трае 4 до 5 месеци, но вистината почитувани сограѓани според потпишаните договори е сосема друга.

Но, ајде да одиме со ред./

- Градоначалникот и општината означија отпочнување на овој проект точно по една година од кога го потпишаа договорот за изградба на мостот. Имено на 10.05.2019г градоначалникот потпишал договор со изведувачот и во членот 4 од овој договор стои дека времетраењето на договорот по оваа јавна набавка изнесува 365 дена, или една година. Во членот 2 од договорот стои дека општината на изведувачот за завршената работа ќе му исплати 29.999 140 денари.

- На месец дена пред истекувањето на овој рок општина Прилеп, претставувана од градоначаникот Јованоски потпишува нов договор, повторно со истиот изведувач и повторно за истиот мост кој до тој момент воопшто не е почнат да се работи. Вториот договор е потпишан на 9.04.2020г. И повторно во член 4 од овој договор стои дека времетраењето на договорот по оваа јавна набавка е 365 дена, а вредноста на вториот договор е 13. 999 517,64 денари.

Интересно е што и во двата договори се предвидуваат средства за исти позиции. Ако во првиот тендер испуштиле нешто да внесат, зошто тоа не го регулирле со анекс на договор, ами се распишува повторно тендер со кој се предвидува огрома сума на средства? Со оваа сума за мост ние како граѓани на Прилеп највероватно ќе треба да си замислуваме оти ова ќе биде мост на Босфор, или можеби мост на Темза?!

Господа од СДСМ ќе одговарате за своите постапки и за сите штетни договори кои ги имате направено во изминатиов период.

Ниту една маска повеќе не може да го сокрие вистинското лице на СДСМ.

За многу брзо правда во Македонија ќе има!

Следува Обнова на Македонија!