Граѓаните видоа како активистите на СДСМ истовараат вреќи и ги внесуваат во месниот штаб во населбата Ѓогдере. Денеска по којзнае кој пат го повикуваме Основното јавно обвинителство најитно да реагира и да го сузбие ваквото лудило кое го практикуваат СДСМ и Миле Талески. ВМРО-ДПМНЕ располага и со видео материјал од настанот и сме целосно отворени за соработка доколку јавното обвинителство одлучи да реагира.
Истовремено бараме итна оставка од директорот на старски дом Мики Крстев, кој е одговорен за користењето на службеното возило на институцијата што ја раководи.
Почитувани,
Ова е начинот на кој СДСМ ќе се однесува во текот на целата предизвобрна кампања. Соочени со очај и одговорноста која ќе следува после 15-ти јули, Миле Талески, градоначалникот Илија Јованоски и нивниот наредбодавач Зоран Заев ќе се служат со секакви нечесни и недемократски методи.
Целта е, колку толку да се намали изборниот пораз, а потоа да се пазарат со државните интереси за да останат на власт. Тоа нема да им успее, граѓаните видоа со каков башибозук на власт имаа работа во изминатите 3 години и со нетрпение чекаат да му пресудат на СДСМ и Заев зад избирачките паравани.
Ви благодарам!