twitter

facebook

youtube

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Вести

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани Ако вените и артериите се крвотокот на едно тело, тогаш патната инфраструктура е крвотокот на еден…

More...
СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

СДСМ Прилеп користи службени возила за партиски цели: ОЈО и МВР на потег

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Соочени со изборниот пораз кој им следува на 15-ти јули, СДСМ од ден во ден се…

More...
На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Вести

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

На 15-ти јули државата се враќа во рацете на граѓаните! Време е за Обнова на Македонија!

Среда, 24 Јуни 2020 00:00

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик во поновата историја! Изборите на 15-ти јули се единствена шанса за да се казни ненародната власт на Зоран Заев и да отпочне обнова на државата, која ќе значи целосно расчистување со криминалниот систем и враќање на достоинството на граѓаните.

 

На 15-ти јули одлучуваме во каква држава сакаме да живееме во иднина, во држава која ќе ја водат чесни и честити луѓе, или во држава во која Зоран Заев ќе продолжи да распродава се’ што е македонско и национално.

Во изминатите 3 години видовме со какво зло се соочувавме, видовме власт која освен за своите џебови не направи ништо за подобрување на животот на граѓаните, видовме власт која не отвори ниту една нова фабрика, тендерска и расипничка власт која ветуваше нов живот, а донесе агонија и понижувања.

Македонската економија во моментов е целосно пред колапс, здравствениот систем ги покажа своите слабости, а инфраструктурните проекти се мисловна именка за власта на СДСМ.

Граѓаните со оваа власт не живеат нов живот, туку преживуваат!

Почитувани,

Време е сето ова да заврши, време е за издигнување над неправдите, време е за избор на власт, која од првиот ден ќе се посвети на работа во интерес исклучиво на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ успеа да обезбеди избори на кои ќе има меѓународна набљудувачка мисија од ОБСЕ и ОДИХР и на кои ќе се гарантира безбедноста и здравјето на граѓаните. Затоа денеска повикувам на обединување и масовна излезеност на изборите на 15-ти јули.

Ајде да застанеме сите на браникокот за враќање на државата во рацете на народот, ајде да му покажеме на Зоран Заев дека македонскиот народ и кога е најтешко знае да се избори и да го добие она што му припаѓа!

Ова е последната шанса, ако не сега, тогаш кога?

Време е за обнова на Македонија!

Ви благодарам!