twitter

facebook

youtube

Младите и локалната самоуправа работат заедно за подобра општина

Младите и локалната самоуправа работат заедно за подобра општина

Вести

Почитувани сограѓани, Нема ништо поважно за едно општество од инвестирањето во младите. Младите се столбот и иднината на секоја заедница.

More...
Ристески: Граѓаните беа и ќе останат нашиот главен партнер во спроведувањето на проектите

Ристески: Граѓаните беа и ќе останат нашиот главен партнер во спроведувањето на проектите

Вести

Почитувани сограѓани, Во изминативе 12 години Вие бевте нашиот главен партнер во спроведувањето на проектите кои Прилеп од едно заборавено…

More...
Победнички тим, за победнички Прилеп!

Победнички тим, за победнички Прилеп!

Вести

Почитувани сограѓани, Велат – разликата помеѓу успехот и неуспехот е во добриот тим. Должноста на локалната самоуправа и на советот…

More...
Граѓаните ќе остварат заштеда на енергија и помали сметки преку проекти за енергетска ефикасност!

Граѓаните ќе остварат заштеда на енергија и помали сметки преку проекти за енергетска ефикасност!

Вести

Почитувани, Со цел да го подобриме квалитетот на живот на нашите сограѓани и да го зачуваме семејниот буџет на домаќинствата,…

More...
Frontpage Slideshow | Copyright © 2006-2012 JoomlaWorks Ltd.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ овој пат ќе бидат потребите и идеите на граѓаните!

Среда, 20 Септември 2017 20:29

ВМРО-ДПМНЕ е партија која отсекогаш била и во иднина ќе биде заедно со народот, затоа што тоа е нашиот препознатлив начин на работа. Преку заедничка комуникација ги лоцираме потребите на граѓаните како и нивните проблеми, се со цел да изнајдеме заедничко решение за нивно надминување.

Досегашните програми на нашата политичка партија, било да се тоа програми за парламентарни или локални избори, се темелеле секогаш на идеите од граѓаните, идеи со чија реализација значително се подобрува квалитетот на живот во различни области како образование, економија, култура, здравство, спорт. Затоа ги повикуваме сите наши сограѓани, кои имаат идеја, што ќе значи развој на општина Прилеп и населените места, да ја достават на нашите штандови, во нашите простории или по електронски пат. На ваков начин ја создаваме можноста сите заедно да учествуваме во подобрување на нашиот град, Прилеп досега се покажал како општина со голем број на реализирани проекти кои произлегле токму од граѓаните. Затоа продолжуваме со истиот препознатлив начин на работа, со уште позасилено темпо, за уште една голема победа на 15-ти октомври, победа за нови инвестиции и проекти, победа за Прилеп и прилепчани.