Градоначалник на град Прилеп

 

Марјан Ристески – роден 20.02.1972 година во Прилеп. Основно и средно образование завршува во Прилеп. Има завршено Економски факултет во Прилеп и по професија е Дипломиран економист.

Женет е со сопругата Фанка и е татко на 5 годишната ќерка Михаела.

Во периодот од 1998 година до 2005 година работел како комунален инспектор во Локална самоуправа – општина Прилеп. Во 2005 година е избран за градоначалник на општина Прилеп. Учесник е во воениот конфликт, со кој беше зафатена Република Македонија во 2001-та, и е еден од преживеаните по трагичниот настан кај месноста „Карпалак”.

Од 2002 година па натаму, неколку години бил Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп. Од тој период па до денес е член на највисокото тело на ВМРО ДПМНЕ – член на Извршниот комитет.

Од 2005 година па до денес е член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Исто така е член на Управниот одбор на Регионалната Развојна Агенција – ПРЕДА.

Член е на Зaедничкиот Консултативен Комитет ЕУ – Македонија.