Унија на млади сили

 

ОК- Прилеп

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 6 Април 1991 година со одлука на партискиот Конгрес во Прилеп. Таа претставува континуитет на историската младинска организација која ги ширела идеалите за независна и самостојна Република Македонија.

На вековната брба на нашите предци за слобода и за национална самостојност водена од историското ВМРО се надоврзува конзервативизмот и традиционализмот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како и идеите за европската демохристијанска традиција. Младите луѓе се носители на борбата за слобода. Црпејки ја енергијата од нашите историски херои, млади луѓе кои биле подготвени и го дале својот живот за една идеја, мисла, визија која која ги водела напред - слободата и независноста на нивната татковина Македонија. Нивното дело го продолжуваме во нашата битка за европска Македонија, економски стабилна земја во која има убав и достоинствен живот, во која сите се еднакви пред законот и секој има свои обврски и одговорности пред државата.

Терминот Унија оправдано беше донесен бидејќи таа набрзо стана сојузно здружение на најголем број млади граѓани во Македонија. Оваа организација е првата организација на МЛАДИ бидејќи првата нејзина замисла  беше  обединување на млади луѓе од 14-30 години кои во себе го носеа најсилниот елан за партиско и  за државно политичко дејствување и со полно право се нарекоа СИЛИ. Унијата на млади сили секогаш била, е, и ќе биде заштитник на традицијата, верата и црквата. Трите работи кои го чуваа идентитетот на македонскиот народ низ вековите.

Највисок орган на УМС е младинското собрание. Низ годините, Унијата на млади сили прарасна во носечка сила на ВМРО-ДПМНЕ, сила која ја движи партијата напред кон нови победи и успеси. Работата и напорот на сите досегашни членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е видлива во сегашниот капацитет и подготвеност на УМС да игра значајна улога во животот на младите луѓе. Многу големи жртви, издржливост, трпеливост и пред сè, љубов, верба и надеж се во темелот на најјаката младинска организација во Македонија –Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Унијата на млади сили последниве години претрпи големи реформи како организациски, така и кадровски, во чекор следејки ги реформите на ВМРО-ДПМНЕ како партија и правецот на движење на својата земја. Со тие реформи Унијата на млади сили прарасна во современа организација која работи врз основа на точно определени принципи и вредности, а тоа се: патриотизам, храброст, одлучност, одговорност, чесност, посветеност и лојалност кон својот народ и својата држава. Со тоа прерасна во современа организација со квалитети идеи и квалитетни проекти и стана знчаен фактор во донесувањето на одлуките на ВМРО-ДПМНЕ за креирање на иднината на својата земја.

Визијата на Унијата на млади сили се залага за взаемна почит, вклучување на сите слободни граѓани и обединување на сите сите млади и прогресивни луѓе во Република Македонија без разлика на нивната верска, национална и расна припадност.

Одлуките за нашата иднина се донесуваат денес. Ние како млади луѓе сакаме активно да учествуваме во донесувањето на тие одлуки.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ треба да функционира со полн капацитет, за да може во целост да ги задоволува барањата и потребите на младите луѓе, особено оние кои ги наметнува новото време и развојот на односите во сите аспекти.

Епитетот и вистината, дека станува збор за најголемата и најбројната политичка организација на млади луѓе само нè обврзува во тој контекст целосно и доследно да ги следиме сите модерни и светски трендови, но секогаш и постојано имајки ги на ум потребите, можностите и желбите на младите луѓе.