Говор на Гоце Ингилизов за Годишното Собрание на Унија на Млади Сили

21.04.2010

Почитуван Претседател на Унијата на млади сили Сашо Стефаноски,

Почитувани членови на Извршниот комитет на УМС,

Почитуван Претседател на УМС Прилеп Мишко Ристески,

Почитувани членови на Општинскиот,претседатели на МК...

 

Почитувани членови на најголемата,најмоќната и најбројната политичка партија во Македонија.

Денес е голем ден за Вас,денес е голем ден за УМС,денес е голем ден за ВМРО-ДПМНЕ...и не заради друго,туку само заради фактот што и по една година од локалните и парламентарните избори поддршката кон нашата Партија не е ни малку намалена,туку напротив,од ова што го гледам пред мене верувам дека ако утре би имало избори повторно ќе го прегазиме противникот!

 

Прекрасно е чувството да се стои тука пред Вас,пред сала преполна со млади лица кои зрачат со енергија и позитивизам,млади лица кои горат од желба за работа и создавање,лица кои се желни да помогнат во развојот на нашата татковина и во подобрувањето на квалитетот на живот во неа.

Почитувани членови на Унијата на млади сили,минатата година беше исклучително тешка за Република Македонија.Светската економска криза успеа да не раздрма здраво и да ни го отежни патот кон Преродбата во 100 чекори.Криза беше и за нас,но и за сите светски велесили.Некои од државите ја осетија повеќе,некои помалку,некои побрзо ќе се опорават,а некои одат накај банкрот.

Ако направиме една споредба,нашиот јужен сосед,очигледно е најпогоден и гледате дека едвај се држат и се на раб на банкрот со експресно зголемување на невработеноста и со секојдневни немири по улици,правејќи и проблем на целата Европска Унија.

Кај нас,не велам дека состојбата е сјајна,но невработеноста не се зголеми,туку напротив,државните институции фукнционираат без проблеми и колку толку се инвестираше во дел капитални проекти и дел во инфраструктура,како и во образованието и во спортот.За да не ја осетиме оваа страшна криза,како што ја осети Грција,виновна е макотрпната работа на целата Влада и на сите институциии во неа,раководена од нашиот Премиер и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ г-динот Никола Груевски.

И во нашиот Град се пресликаа проблемите.Мораше да се намали интензитетот на работењето,кое предходните години го наметна нашиот Градоначалник Марјан Ристески.Донекаде и сам е виновен што граѓаните не можат да се заситат со работите кои се случуваат во градот.Тој го наметна тоа високо темпо,кое жителите на нашиов град го прифатија и го бараат,но и знаат да го отценат.Тоа се виде на минатогодишните локални избори каде ВМРО-ДПМНЕ победи со разлика каква што немало досега во ниедни избори и во ниеден град во Македонија,освоивме цели 74 проценти од излезените гласачи.За гласовите кои ги добивме како Партија,заслужен е Марјан со неговата работа,но и заслужна е целата партиска машинерија која перфектно функционираше цела изборна кампања,во која најголемиот терет го понесе како и секогаш Унијата на Млади сили.

На минатогодишното собрание реков дека секако победуваме и тоа се оствари,сега кога гледам дека салава е уште пополна од лани,уверен сум дека подршката сеуште е иста.

За разлика од нас,каде партиските структури функционираат,во противничкиот табор никако да ги консолидираат редовите.Не дека ни е грижа,но немањето на сериозна опозиција може сериозно да ни наштети,да доведе до опуштеност и потценување,што во еден момент може да биде погубно за Нас.Се врати по претседателските избори и нивниот главен манга,транзицискиот лидер Дон Бранко,човекот кој е најзаслужен што државава ни е на ова дереџе.Но и тој не успева да ги раздрма,туку продолжува да работи во негов стил,со непромислени напади,со деградација на проекти и личности,со непризнавање на се што се работи,било да е позитивно или негативно.Господине пензионер Бранко Црвенковски,овој начин на работа веќе не пали кај овој напатен народ,овие личноти кои ви ги водат локалните ограноци се општествено излитени,искорумпирани,без никаков кредибилитет меѓу народот,со нив и со начинот на кој работите тешко дека рејтингот ќе ви се крене повеќе од она што сега го имате...а рејтинг меревме пред десетина дни и тој покажа дека во Општина Прилеп,разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е сеуште 2,5-1,изразено во гласови,ние би добиле меѓу 22 и 24000 гласа,а СДСМ не повеќе од 11000.Еден факт искрено ме радува,а тоа е што ВМРО-ДПМНЕ е неприкосновена во рејтингот кај младите,кои највеќе не подржуваат.

Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ,Јас сум претседател на најголемиот Општински комитет во Македонија кој брои близу 8000 члена.Но овој комитет е најголем и најдобар,не заради мене,најголем е и најдобар е заради неговата функционалност и континуитетот во работењето.Овде нема расправии меѓу функционери,нема расправии помеѓу членови на Општинскиот комитет,нема фракции и делби.Овде функционираат партиските структури,сите местни комитети,сите комисии.Функционира Унијата на ветерани,Унијата на жени,функционира и Унијата на млади сили.И додека е така,лесно ќе биде раководењето со овој Општински комитет,лесно ќе биде координирањето на сите активности,без разлика дали Претседател сум јас или е некој друг.

Во младиве дами и господа кои сега се членови на Општинскиот на УМС Прилеп,освен Престедателот и уште еден-двајца,не гледам други од она прво раководство по делбата на Партијата,кога ме назначија за Претседател на УМС.Минатата година имаше повеќе,но очигледно и тие преминале во некои други структури заради годините или заради други приватни причини.Дел од нив се сега во Општинскиот на сениори,дел се Претседатели на Партиските комисии и МК,а дел се локални или државни функционери.Тоа е добро,така треба и да се продолжи,УМС не смее да стои во место,УМС мора да се менува и обновува,но секогаш во правилна насока тоа добро го знае Вашиот Претседател Мишко Ристески и одлично ја работи својата работа.УМС мора нон-стоп да врши притисок врз сениорските структури,било во МК,или комисиите,со најразлични проекти,со поинаков начин и стил на работа,како би ја држеле во кондиција целата партиска структура.

Почитувани членови на УМС,кога сте дел од една ваква голема Организација,треба да сте спремни и да очекувате и удолнини и угорнини.Овде ќе се радувате,но и ќе имате разочарувања,ќе доживеете и убави,но и лоши моменти,се надевам дека побројни ќе бидат убавите и само тие ќе ви останат во трајно сеќавање.Во оваа структура има луѓе кои се дојдени заради Идејата,има луѓе кои се дојдени заради патриотизмот,заради принципите кои ги следи оваа Партија,некои се дојдени заради тоа што некој роднина,родител или другар бил член,некои се дојдени заради поширок општествен интерес,а некои за личен и искрено сите се добредојдени,ова е како што кажав огромна организација во која за сите има место.

Едно сум сто-проценти сигурен,дека ќе остварите контакти со илјадници луѓе од Градот,Државата па и пошироко.Се надевам дека тука ќе се родат многу пријателства,другарства па и по некоја нова љубов.Ова Ви го кажувам од лично искуство,затоа што еден од моите најдобри пријатели денес,го запознав токму преку Партијава...тоа е сегашниот Ваш Претседател господинот Сашо Стефаноски,кој е една беспрекорна личност,спремен во секој момент да помага,човек кој веќе е бренд на ВМРО-ДПМНЕ и кој уште долги години ќе биде во политичките врвови во Македонија...

Јас сум излегол од оваа структура,ја ценам и почитувам нејзината работа и секогаш ќе ја поддржувам зошто Унијата на Млади сили е дел од Организација која постои со децении и векови,таа е дел од Организацијата без која тешко дека денес ќе имавме своја,самостојна и независна Држава...на сите нас ни е јасно дека додека живее оваа организација,ќе живее и Македонија и народот Македонски...

Да сте живи и здрави,да живее Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ,да живее Република Македонија!!!


23568_1434423785080_1367503123_31196061_4309655_n.jpg 23568_1434423825081_1367503123_31196062_7500049_n.jpg 23568_1434423865082_1367503123_31196063_1063314_n.jpg 23568_1434428025186_1367503123_31196067_5192305_n.jpg 23568_1434428065187_1367503123_31196068_7730189_n.jpg 23568_1434428105188_1367503123_31196069_2223954_n.jpg 23568_1434428185190_1367503123_31196070_4195413_n.jpg 23568_1434428225191_1367503123_31196071_3423498_n.jpg 23568_1434434985360_1367503123_31196075_3697152_n.jpg 23568_1434435025361_1367503123_31196076_3487500_n.jpg 23568_1434439825481_1367503123_31196080_8041421_n.jpg 23568_1434439905483_1367503123_31196081_4011437_n.jpg 23568_1434440025486_1367503123_31196082_1006447_n.jpg 23568_1434440065487_1367503123_31196083_5336258_n.jpg 23568_1434444585600_1367503123_31196084_5070852_n.jpg 23568_1434444705603_1367503123_31196085_1284732_n.jpg 23568_1434444745604_1367503123_31196086_2975720_n.jpg 23568_1434444825606_1367503123_31196087_860414_n.jpg 23568_1434611309768_1367503123_31196540_4510283_n.jpg 23568_1434611389770_1367503123_31196541_1939394_n.jpg 23568_1434611429771_1367503123_31196542_791272_n.jpg 23568_1434611549774_1367503123_31196543_6551995_n.jpg 23568_1434611629776_1367503123_31196544_5781314_n.jpg 23568_1434616229891_1367503123_31196545_1591218_n.jpg 23568_1434616349894_1367503123_31196546_3981955_n.jpg 23568_1434616389895_1367503123_31196547_105759_n.jpg 23568_1434616509898_1367503123_31196548_5129602_n.jpg 23568_1434616549899_1367503123_31196549_7431030_n.jpg 23568_1434635710378_1367503123_31196608_1292119_n.jpg 23568_1434635750379_1367503123_31196609_2945640_n.jpg 23568_1434635830381_1367503123_31196610_5209368_n.jpg 23568_1434635870382_1367503123_31196611_1785234_n.jpg Picture123 143.jpg Picture123 145.jpg Picture123 146.jpg Picture123 149.jpg