Општина Прилеп се збратими со општина Тире - Турција
Вести

30.04.2010

Делегација од општина Прилеп и стопанската комора беше во  дводневна возвратна посета на општина Тире, Турција. Во текот на првиот ден беше организирана посета на општина Тире, и средби со претставници од стопанската комора на Тире со стопaнственици од Прилеп. На работната средба која се одвиваше во просториите на стопанската комора на општина Тите, освен претседателот на стопанската комора на Тире, Мехмет Деликанле, присуствуаше и градоначалникот Тајфур Чичек, и претседателот на градот Усеин Ергин.

 

За време на дводневната посета беше потпишан Протокол за збратимување на општините Прилеп и Тире. Намерата за деловна и културна соработка од името на Локалната самоуправа ја пренесе советникот Гоце Ингилизов претседателот на Општински Коммитет - Прилеп, наместо градоначалникот Марјан Ристески, кој поради оправдани причини ја одложи посетата.Извршниот директор на Стопанската комора од нашиот град Ристо Најдоски, потпиша два меморандуми за соработка со своите колеги од стопанските комори на општините Тире и Измир. За време на средбите беа разменети контакти, кои во иднина би послужиле за продлабочување на соработката помеѓу стопанствениците од двете општини.

1.jpg 10.jpg 11.jpg 12.jpg 13.jpg 14.jpg 15.jpg 18.jpg 19.jpg 2.jpg 20.jpg 21.jpg 22.jpg 23.jpg 24.jpg 3.jpg 4.jpg 5.jpg 6.jpg 7.jpg 8.jpg 9.jpg