Отворен првиот младински информативен центар
Тековни проекти

31.05.2010

img_1926.jpg img_1927.jpg img_1928.jpg img_1929.jpg img_1934.jpg img_1947.jpg img_1948.jpg img_1970.jpg img_1976.jpg img_1979.jpg img_1989.jpg img_1992.jpg  Првиот младински информативен советодавен центар во југозападен балкан е отворен во Прилеп со што на младите им се создаваат можности на едно место да ги добијат информациите кои се предмет на нивниот интерес, како што се за слободни работни места, за волонтирање, за продолжување на образованието, за остварување социјални права за културни, спортски и рекреативни активности.
На отворањето присуствуваа Претседателот на Општински Комитет - Прилеп г-динот Гоце Ингилизов како и претседателот на Унија на Млади Сили при ВМРО - ДПМНЕ г-динот Мишко Ристески.

Во центарот одредена услуга и информација младите може да добијат на истиот начин како да е побарана во информативниот центар во Брисел, истакнаа извршниот директор на европската агенција за младинско информирање ЕРИКА, Давиде Капеки и Зоран Илиески од Коалицијата „Сега„.

Проектот „Младински Информативен Центар”, е прв проект од ваков вид кој се реализира во Р.Македонија во соработка на Агенција за млади и спорт на Р.Македонија, Коалицијата на младински организации СЕГА и Општина Прилеп.

Вакви центри ќе добијат и другите градови, најави директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов, а во Прилеп ќе биде отворен пункт за младите и во ЦК „ Марко Цепенков„.