Соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
Вести

21.06.2010

СДСМ е сериозна политичка партија со несериозно раководство. Драги членови на СДСМ, нема да шпекулираме со бројки за посетеноста на митингот во неделата, иако тие се далеку од она што СДСМ го прикажува, туку сакаме да Ве прашаме две-три работи: - што ново видовте на митингот во Скопје, имаше ли нови лица во Вашата реформирана партија, дали мислите дека Бранко Црвенковски може да ја води оваа Држава, на поинаков начин од оној кога криминално се приватизираа сите фирми и претпријатија, кога на улица останаа илјадници, илјадници граѓани, кога грабаа и крадеа се што ќе стигнат? - дали мислите дека луѓе кои го сменија знамето и името на нашата Држава, за којзнае чии и какви интереси и потреби,сега ќе се борат за нејзините интереси? - дали слушнавте решенија за подобрување на квалитетот на живот, решение за проблемот со името? Почитувани сограѓани, Вие добро знаете кој се грижи за Вашите интереси, знаете која Партија ги штитела и ќе ги штити интересите на Државата, знаете која Партија е Партија на големи проекти и реформи, кој инвестира во образование, во здравство, во земјоделие, во спорт, во инфраструктура, во зголемување на плати и пензии и т.н На крај делата се оние кои остануваат и кои се вреднуваат, а луѓето гледаат и знаат да оценат!