| ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и ако треба нејзините советници ќе се откажат од функциите |
| Вести |
|
По пресот на ОО на СДСМ, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Гоце Ингилизов, се огласи со своја изјава. Според претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Гоце Ингилизов, ВМРО-ДПМНЕ, како сериозна политичка партија која секогаш работела и работи, пред се во интерес на граѓаните на Македонија, во никој случај нема намера да го анулира мислењето на Антикорупциската комисија, доколку таа одлучи да се зафати со овие укажувања на СДСМ. Ингилизов вели дека тие како советници, се подготвени да се откажат од своите функции ако Антикорупциската комисија утврди дека има прекршување на Законот за спречување на судир на интереси, макар што, како што вели, во никој случај не може да се сложи со тврдењето на прилепските социјал- демократи дека функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивните коалициски партии, било кога досега, се ставиле над законите на Р. Македонија. Законите се носат за да се почитуваат, и тоа од сите граѓани на оваа држава, без никакви исклучоци, бидејќи само така може да функционира една правна држава- вели Ингилизов. |



