| Рапидно расте членството на ВМРО-ДПМНЕ |
| Вести |
| Четврток, 29 Јули 2010 08:33 |
|
Благодарение на максималната транспарентност и отвореност, ВМРО-ДПМНЕ, како политичка партија која се залага за ефективно и навремено решавање на проблемите со кои се соочува обичниот македонски граѓанин, секојдневно рапидно го зголемува своето членство. Како доказ на ваквата констатција, е и синоќшното доделување на стотина партиски книшки во само една урбана заедница. Стотина партиски книшки на нови членови на и онака најбројната политичка партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, синоќа, беа врачени во Урбаната заедница “Гоце Делчев”. Според, претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Гоце Ингилизов, зголемениот интерес за зачленување на нови членови во нивната партија, пред се се должи на максималната транспарентност на партијата при решавањето на проблемите со кои секојдневно се соочуваат македонските граѓани. Ингилизов смета дека ваквиот начин на зачленување е добра прилика, тој како цоординатор да се запознае со новите членови. Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ, велат дека и во другите Месни комитети во градов, кои ги имаат вкупно 26, голем е интересот за зачленување на нови членови. |



